Коментари

Тасевски: Сдсмовките се полуди од струја, дајте им терапија од психијатар

Актерот Сашо Тасевски на социјалните мрежи им порача на СДСМ да не им даваат микрофони на сдсмовките, оти тие им правеле контра релама за изборите

„А бе не им давајте микрофон на запалените сдсмовки од публиката на собиранките за Пендаровски, кои како да рецитираат песни за Тито, само што, името на Тито го замениле со Заев и Пендаровски. Контра реклама ви прават. Полуди се од струја. Полуди се дури и од вмровките кои на слични такви собиранки го воспеваа ликот и делото на Груевски. Мислевме, по Груевски, таквите будали полека ќе ги покрие анонимноста, нема да имаа простор да се размавнат со своето лудило или ќе се најдат во редот пред ординациите на доктор Чепреганов и Дудучки. Ама не. Зошто имате потреба такви гревчиња јавно да ве чешкаат на разни места и да ви го раснат цвеќето, не ми е јасно. Наместо микрофони, дајте им терапија во доза пропишана од локалниот психијатар или фармацевт и нека се опуштат во столчето“, напиша Тасевски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток