Скопје

Нападнал малолетник му го одзел телефонот и украл пари од спортска обложувалница

СВР Скопје до надлежното ОЈО ќе поднесе кривична пријава против лицето Х.И. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека е сторител на две кривични дела – “разбојничка кражба“ и “тешка кражба“. Имено, првото кривично дело “разбојничка кражба“ Х.И. ја извршил на 29.12.2018 година над малолетно лице на ул. “Димитрие Чуповски“ во Скопје, кое физички го нападнал и му одземал мобилен телефон.

Второто кривично дело го извршил на 11.01. 2019 година во спортска обложувалница во Скопје од каде одземал пари. Х.И. бил приведен во Полициската станица Бит Пазар и во присуство на надлежен јавен обвинител од страна на оштетените било извршено препознавање.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток