Скопје

Скопјенец, пријавил дека пет лица му одзеле пропаганден материјал за Претседателски избори

На 07.04.2019 година во 11.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.И.(25) од Скопје пријавил дека на 07.04.2019 околу 03.00 часот на ул. „Перо Наков“, од страна на пет лица му бил одземен пропаганден материјал за Претседателски избори 2019, по што Н.И. си заминал.

Веднаш по добивањето на пријавата известен е јавен обвинител и преземени се соодветни мерки и активности. Во полициска станица во врска со овој случај е извршен службен разговор со Г.Ѓ.(26) и Б.А.(23). До надлежното Основно јавно обвинителство е поднесено писмено известување.

На почеток