Македонија

Иванов може да ги помилува осудените за 27 април

Претседателот Ѓорге Иванов може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано. Ова е пропошано во Законот за помилување, кој Иванов треба да го почитува во моментот кога ќе одлучи дали осудените за „27 април“ ќе бидат ослободени од вина.

„Кога со помилувања изречената казна се заменува со условна осуда, соодветно ќе се применуваат одредбите на Кривичниот закон за изрекување на условна осуда, нејзиното дејство и отповикување, со тоа што времето на проверување не може да трае повеќе од три години и што кон условната осуда не се одредува заштитен надзор, ниту на условно осудениот му се наложува исполнување на посебни обврски“ пишува во Законот.

Од Кабинетот на претседателот Иванов потврдија дека до петокот биле доставени повеќе барања за помилувања.

„Тој може да аболира како што направи претходно за непочнати предмети. А дали ќе го направи тоа, не можам да претпоставувам. Во овој случај, од почитички причини и потреби, Законот за амнестијата е применет нееднакво. Претседателот Иванов во сите свои обраќања кажува дека е за почитување на законите и Уставот, па еве му шанса да докаже дека сите треба да бидат еднакви пред законот“, вели Давидовиќ за „А1он“

На почеток