„Во повикот јасно стои дека авиокомпанијата има обврска до 10 јануари 2019 година да воведе две линии од аеродромот во Охрид и уште две во рок од една година од потпишувањето на договорот. Авиокомпанијата Визер понудила сите четири дестинации да ги воведе во август 2019 година. Поради ова, комисијата констатираше дека условите од јавниот повик не се исполнети и даде препорака овој јавен повик да се поништи. Оваа фактичка состојба не ми остава никаква друга можност освен доследно почитувајќи ја уредбата и јавниот повик повторно да ја поништам и оваа постапка“, изјави денеска министерот Сугарески.
Тој тврди дека стратешки интерес на Владата е да го развие охридскиот аеродром и од тоа не отстапува и најави дека за две недели треба да се распише нов јавен повик, со исти критериуми.
За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, развлекувањето на постапката е опасност државата да остане без нискобуџетните летови.
Визер сѐ уште одржува најголем дел од авиолините што ги воспостави во претходните шест години, кога добиваше субвенции, но најави и укинување на две нерентабилни линии.
