„Германските власти го екстрадираа 21-годишниот жител на градот Русе“, објави Министерството за внатрешни работи, пренесе Ројтерс.
Бугаринот Северин Красимиров ќе биде обвинет за силување и убиство на 30-годишната Маринова, чие тело беше пронајдено во паркот во нејзиниот роден град Русе на 6 октомври.
Германскиот обвинител потврди дека Красимиров бил екстрадиран во Софија со лет од Франкфурт.
Красимиров минатата недела е уапсен во Германија и призна делумна вина пред германскиот суд.
Полицијата соопшти дека Маринова била претепана, силувана и задавена.
Обвинителството соопшти дека доказите не укажуваат на тоа дека смртта на Маринова е поврзана со нејзината работа и дека укажуваат на случаен сексуален напад, иако сите можности се испитуваат.
