Влез во „авиометро”. Тоа е класичен „хоризонтален лифт”, но со стаклени врати и ѕидови.
Секој вагон на возот кој го поврзува новиот со старите терминали има осум седишта и 19 места за стоење. Секој воз е сочинет од четири вагони. За следниот воз нема да чекате подолго од четири минути. Исто така ви се потребни четири минути да стигнете до одредиштето.
Следниве ескалатори ве водат до зоната за полетување. Ентериерот потсетува на стилот што владееше во Русија во 20-те години од минатиот век.
Но не секаде. На некои места се враќате во модерната доба, затоа што на сите страни имате различни екрани.
Овој специјален пас помага во откривањето на шверцувана роба. Ова е мелез од севернокавкаски шакал и арктички пес кој чува стада ирваси.
Самопослужувачки места за чекирање каде можете да ја отпечатите вашата бординг карта и да платите за прекумерна тежина на багажот.
Чекалната за бизнис-класата под називот „Рубљов” според познатиот руски средновековен иконописец. Може да се пофали со најдолгиот шанк на светот.
Дизајнот потсетува на купола на црква и на плетена ограда во руско село.
ВИП-чекалната за ѕвезди и политичари има уште полуксузен ентериер и удобни фотелји за одмор.
Ова е транзитот за домашни летови.
Новите ресторани се декорирани на свој начин, но се вклопуваат во целокупниот стил на терминалот.