На скопскиот булевар Кузман Јосифоски-Питу, во попладневните часови на вчерашниот ден (17 октомври), 37-годишник кој управувал автомобил „шкода октавија“, во сопственост на МВР, удрил во 18-годишен пешак од Скопје.
По ударот момчето било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот.