Свет

Косовското собрание набрзина ги усвои законите за формирање војска

Косовското собрание во прво читање ги усвои сите три владини предлог-закони за трансформација на косовските сили за безбедност во косовска армија.

Непосредно по почетокот на расправата за трите владини предлог-закони, со 101 глас „за“ беше изгласан првиот законски акт, законот за трансформација на Министерството на КБС во Министерство за одбрана.

Потоа, по првото читање беше усвоен вториот владин закон за трансформација на косовските безбедносни сили, а веднаш по него и третиот – станува збор за акт што ги регулира општите услови во службата, како и услугите засновани на принципот на законитост, професионалност, команда, дисциплина, почит, чест, комуникации, недискриминација, транспарентност и одговорност.

Партијата на Србите – „Српска листа“ ја напушти седницата во знак на протест против кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток