Македонија

Се преврте камион со овци, возачот и сопатникот се здобиле со телесни повреди

На 18.10.2018 година околу 12,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Мавровската крстосница, товарно возило „Фиат ивеко“ со битолски регистерски таблици, управувано од А.П.(30) с.Новаци-битолско, а кое превезувало 200 овци, загубило контрола и излетало од коловоз, при што се превртела неговата приколка.

„Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Р.Р.(50) од Битола, а настрадале 68 овци. По овластување на Јавен обвинтел, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар“, информираат од МВР

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток