Скопје

Поради затворањето на „Македонско село“, ЈСП ја скрати трасата за бројот 28

Oд понеделник (22.10.2018 година), линија 28 ќе сообраќа по изменета (скратена) траса од досегашната.

„Наместо Транспортен центар, почетната станица на автобусите на посочената линија ќе биде почетната станица на линија 4А (улица„Лондонска“), а крајна станица и понатаму ќе биде Горно Нерези (Македонско село). На линијата ќе сообраќа минибус“, соопшти ЈСП.

Од ЈСП информираат дека причина за кратење на трасата, е затворањето на комплексот „Македонско село“, па затоа се менува почетната станица, а истовремено и натаму ќе се опслужуваат жителите на Горно и Средно Нерези.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток