Некатегоризирани

Поднесени кривични пријави против тројца скопјани поради кражба

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф. (19), А.Ј.(20) и И.Ш. (19), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “тешка кражба“ и “одземање на моторно возило“.

„На 12.08.2018 година во времето од 14,00 до 17,00 часот во Скопје во објект на правно лице од Скопје, пријавените преку незаклучената влезна врата, влегле внатре и одзеле 40 електромотори и пумпи, по што истите ги ставиле во товарно возило “Мерцедес спринтер”, сопственост на фирмата, во кое бил оставен клучот за стартување на истото, по што заминале во непознат правец“, информираат од МВР.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток