Со новиот ребаланс на буџетот СДСМ ја уништува перспективата на младите, обвини денеска на прес-конференција Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Штетните политики на власта го поттикнуваат егзодусот на македонските граѓани. Сега предвидени се нови кратења најмногу за оние граѓани кои допрва треба да го дадат својот придонес за државата и да ги решаваат проблемите на општеството. Со предлогот на СДСМ, се кратат средства во образованието и образовната инфраструктура, од изградбата и реконструкцијата на студентските домови, средните и основни училишта, спортските објекти. Но сепак најбизарно е Владата да предвиди милионски средства за лубриканти, а да скрати средства од проектите за превод на книги од реномирани автори“, изјави Андоновски.
Дури 48 милиони денари помалку се предвидени за превод на стручна литература од најдобрите светски универзитети, додава Андоновски и посочува дека студентите и научниците во Македонија наместо да бидат во чекор со своите врсници од светот ќе ја намалат можноста да бидат во тек со најмодерните откритија во својата област.