Во текот на изминатите денови (19, 20 и 21.04.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 54 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 39 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 34 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи затоа што биле возачи-почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 22 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 16 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, 10 возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 32 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 95 мандатни платни налози и 55 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле 24 сообраќајни незгоди во кои едно лице го загубило животот, четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 14 лица поминале со телесни повреди.