Скопје

Новите правила за исклучените од системот на греење – и натаму ќе плаќаат паушал

Новите правила за исклучените од системот на греење. Истите ќе важат од  01 април и предвидуваат дека паушал и натаму ќе плаќаат граѓаните кои не живеат во становите или не ги користат деловните објекти.

„Сопственикот на посебен дел во станбени и деловни објекти каде распределбата на надоместокот се врши преку еден мерен уред, кој живее или го користи објектот и е исклучен од системот, е обврзан тоа да го докаже со приложување на валиден документ (лична карта и имотен лист) после што нема обврска да го плаќа надоместокот. Сопственикот кој не живее или не го користи посебниот дел за деловни потреби, има обврска да го плаќа надоместокот за ангажирана топлинска моќност, согласно тарифниот систем за продажба на топлинска енергија“, соопшти компанијата.

Во моментов нема сознанија колку вакви потрошувачи има во земјава. Паушал ќе плаќаат и инвеститорите чии нови згради се приклучени на системот, но се уште имаат празни станови.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток