Македонија

ВМРО ДПМНЕ: ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори, поразена е коалицијата на власт со над триесетина партии

Гордана Сиљановска Давкова победи во 47 општини во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори, поразена е коалицијата на власт предводена од СДСМ и ДУИ, во која има над триесетина партии, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните им кажаа не на криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните гласаа за право и правдина.

Пендаровски изгуби затоа што е ист како Зоран Заев. Пендаровски не нуди ништо ново за државата, напротив нуди стагнација.

Граѓаните на овие избори покажаа дека не се плашат на заканите и притисоците од власта. Граѓаните покажаа храброст и желба за подобра иднина.

Со Пендаровски Македонија само ќе тоне, исто како што тоне во изминативе две години.

Ги повикуваме граѓаните во вториот круг да му го зададат финалниот удар на СДСМ и да излезат со голема поддршка за Силјановска.

Победа на Сиљановска значи почеток на крајот СДСМ.

За право и правдина, за подобра иднина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

На почеток