Македонија

Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието

Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието, но според премиерот Зоран Заев колку порано завршат, толку порано и грчкиот парламент ќе ја донесе одлуката.

На синоќешната собраниската седница 80 пратеници го прифатија предлогот на Владата за пристапување кон уставни измени во склад со Договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија.

Во понатамошната процедура се очекува секој од четирите амандмани, со кои ќе се интервенира во македонскиот Устав, кои ќе ги подготви Владата да поминат низ претрес во две комисии во Собранието, а расправата по нив може да трае до три дена.

Откако Собранието ќе утврди нацрт на секој амандман се отвора јавна дискусија во која  пратениците може да поднесат амандмани на амандманите.

Претрес на амандманите на уставните амандмани исто така се врши во две комисии, по што Собранието се изјаснува одделно за секој амандман на уставните амандмани и следува конечната седница на усвојување на уставните амандмани со двотретинско мнозинство.

Премиерот Зоран Заев очекува пратениците на опозицијата во уште поголем број да се приклучат во следната фаза на процесот.

Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието, но според Заев колку порано завршат, толку порано и грчкиот парламент ќе ја донесе одлукатa.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток