Ја поздравуваме одлуката на Собранието во Скопје, со која се отвора процесот на европска и евроатлантска интеграција на земјата, наведе бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, пренесе новинската агенција „Фокус“.
„Веруваме дека ова е вистинското и единственото одговорно решение кое дава шанса за просперитет на сите граѓани во регионот. Му честитаме на секој пратеник кој го даде гласот во корист на заедничката иднина во ЕУ и НАТО. Ќе продолжиме да бидеме најискрениот и близок пријател во овој процес“, вели Захариева.
Синоќа во Собранието со 80 гласа „за“ беше изгласана одлуката за пристапување кон уставните измени, што е голем чекор кон реализација на договорот со Грција за промена на името. „За“ гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се обвнети за настаните од 27 април.