Скопје

Возач на ЈСП ги затворил вратите, при што 62-годишен скопјанец паднал на тротоарот

Вчера во 13 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека било донесено повредено лице кое било патник во автобус на ЈСП-Скопје.

„62-годишниот Д.З. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот се возел во автобус на ЈСП-Скопје со бр.7 во насока од населбата Лисиче кон населбата Карпош. Кога автобусот дошол на автобуска постојка кај Градежен факултет на булеварот „Партизански Одреди“ запрел, а Д.З. додека се симнувал, возачот ги затворил вратите и Д.З. бил притиснат од врата, по што паднал на тротоарот.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток