Некатегоризирани

Стоилковски: Стево Пендаровски сака да биде претседател на држава, а бега од ТВ соочувања

Стево Пендаровски сака да биде претседател на држава, а бега од ТВ соочувања со граѓаните, бега од прашањата од опозицијата, бега од јавноста. Сака да биде претседател кој се појавува само на фингирани трибини, со нарачани прашања, а ако некој дури и добие шанса за вистинско прашање – му го исклучува микрофонот, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е Пендаровски, тоа е второто лице на Заев, тоа е кандидатот кој треба да аминува и амнестира криминал.
Пендаровски како претставник на транзициските тајкуни не може да биде претседател ако не одговори на прашањата кои ја мачат јавноста:

Зошто тој не го осуди и не се огради од криминалната приватизација?

Каква е неговата улога како Шеф на аналитика за време на гостиварските настани 1997 година и дали тоа беше осмислено за да се прикрие најголемата девалвација на денарот во однос на тогашната германска марка, што се случи во истиот ден – 12 јули 1997?

Зошто како прв човек на ДИК ги легитимираше најкриминалните избори во историјата на Македонија, кога ги одби приговорите во кои имаше документирани случаи на насилства, влечења за коси, оружени инциденти, репетирани пиштоли, калашникови, детонирани бомби во штаб на ВМРО-ДПМНЕ?
Дали ги оправдува и за него се неважни актуелните брзи прсти и полнења на кутии, констатирани од ДИК и поништени гласачки места?

Каква е неговата улога при аболицијата на Зоран Заев за криминалот од 8 милиони евра за случајот „Глобал“ и дали е тоа принципот, принципот за неказнивост за СДСМ, заради кој што по втор пат криминалниот клан го турка за претседател на државата?

Дали Пендаровски не го виде видеото од случајот „Поткуп“ каде неговото второ јас – Зоран Заев – бара мито, бара поткуп од 200.000 евра? Дали повторно би го амнестирал Заев за овој пат за случајот наречен „кај Мирчо бишкарникот“?

Зошто Пендаровски не се огради и не го осуди непотизмот и најгрубата партизација на администрацијата нарачана и спроведувана од врвот на СДСМ?

Или Пендаровски ќе продолжи да го брани Заев дека не го знаел што прави генералниот му секретар Кирацовски или пак Мира Стојчевска-Дизел, кои вработија се што им е род?

Ќе го осуди ли Пендаровски барем еднаш кратењето на пензиите, криминогеноста и девастацијата во здравството, злоупотребите на репресивниот апарат, на буџетот за изборни нерегуларности.
Ќе се осуди ли Пендаровски барем еднаш јавно да го праша Заев, Зошто нема дата за преговори? Нели лани добивме датум за преговори? До каде се судските реформи? До каде се економските реформи? Зошто нема инвестиции? Каде се парите за капиталните инвестиции? Тука се надоврзува уште едно прашање дали Пендаровски аминува поткуп за изборни цели врз работници, со што се крши нивното основно демократско право, поткуп кој што го спроведува и поттикнува Зоран Заев? На крајот ќе признае ли Пендаровски каде живее и зошто при сите функции како имот има наведено само два автомобила – едно на сопругата и неговото Југо?

Почитувани ова се прашањата од кои што Пендаровски бега од дебата од соочувања, Пендаровски бега од одговори пред јавноста. Пендаровски не нуди ништо освен лажни ветувања и амнестирање на криминалот на власта!

Македонија со Пендаровски ќе продолжи да тоне по сите параметри, на сите меѓународни мерења. Јасно е и зошто – без почитување на правото, државата тоне во неказнивост и беззаконие. На Македонија и е потребно почитување на правото. А, Пендаровски соочен со прашања за почитување на правото, се губи! Затоа бега од дебати, затоа бега од соочувања!

Тоа се случи и во 2014-та, тоа се случува и сега, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток