Македонија

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ бара вонреден конгрес и одговорност од раководството

Демократската фракција на ВМРО ДПМНЕ бара одговорност од раководството на партијата и одржување на вонреден Конгрес на партијата, по вчерашните случувања околу гласањето во собранието за уставни измени.

„Се случи „со свој камен по своја глава”. Доколку најитно не се стави крај на ваквиот начин на функционирање на партијата последиците по однос на државата и партијата ќе бидат уште поголеми“ велат од демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

Според фракцијата, раководството треба да понесе одговорност зашто не ги послушало нивните совети.

„Потребно е да се понесе одговорност зошто не се послуша советот на фракцијата пратениците да си поднесат оставка на функцијата поради реалната опсаност и можност од уцена, закани и нивно купување. Актуелното раководство на ДПМНЕ свесно и намерно ги доведе дел од пратениците во таква ситуација. Потребена е политичка одговорност за водењето на калкулантската политика. Не може да се води најголема опозициона политичка партија од луѓе кои со едно око му намигнуваат на членството, а со друго на политичкиот противник и меѓународната заедница, а зад грбот на сите штитат криминални партиски структури“, се вели во денешното соопштение на фракцијата.

Од фракцијата бараат Конгресот на ВМРО ДПМНЕ да донесе  одлука со која ќе се определи  иднината на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали ВМРО ДПМНЕ во иднина ќе биде партија или движење, дали и понатаму ќе функционира без идеологија и како злосторничко криминално здружение или во пак најитно ќе се врати на демократскиот колосек како современа демократска и патриотска политичка партија, која ќе биде на браникот на националните интереси“ се наведува во соопштението.

На почеток