Aлбанскиот претседател Илир Мета преку својот твитер-профил упати честитка до Владата на премиерот Зоран Заев по вчерашното гласање во Собранието.
Parliament of #Macedonia endorsed constitutional changes. An important step ahead 4 🇲🇰 membership 2 #NATO. I congrat PM @Zoran_Zaev 4 his persistent efforts & members of 🇲🇰 Parliament. It will positively impact security, stability & progress of our region. 👏🇲🇰
— Ilir Meta (@ilirmetazyrtar) October 20, 2018
-Гласањето во македонскиот Парламент за иницијативата за уставни промени е важен чекор, надеж и верба дека процесот на членство на Македонија во НАТО и ЕУ е на вистинскиот пат. И честитам на владата на премиерот Заев за напорите што се направени во овој поглед и на сите пратеници на македонското Собрание за поддршка на процесот кој не само што ја ослободува Македонија од неколкугодишниот застој во интеграција, туку влијае и на безбедноста, стабилноста и благосостојбата на нашиот регион, напиша албанскиот претседател.