Македонија

Демократски сојуз бара во подготовката на амандманите да се вклучат сите експерти и претставници на партиите

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија.
„Пратениците и сите граѓани се соочуваме  со сериозни предизвици и сурова реалност, но после драматичниот вчерашен ден, денес веруваме дека сите сме попаметни и помудри, затоа што Македонија ќе чекори напред, како држава на Македонскиот народ и сите грѓани, модерна, европска и држава во која ќе се создадат услови за младите да создаваат и творат во Македонија. Во подготовката на амандманите треба да  се вклучат сите експерти и преставници на партиите, се со цел, да се обезбеди и зацврсти македонскиот национален идентитет, јазикот и другите посебности“, се вели во соопштението.
Тие додаваат дека е време и опозицијата да ги преиспита своите ставови и постапки и да се вклучи во процесите кои отвораат перспективи за Македонија и значат мир, стабилност и безбедност, како клучни предуслови за економски развој и достоинствен живот.
Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток