Свет

Наместо во Хања поради силниот ветер грчкиот претседател слета во Ираклио

Лошите временски услови и силниот ветер беа причина, авионот во кој што беше грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, наместо во Хања да слета во Ираклио на островот Крит, објавија грчките медиуми.

Според државната новинска агенција АНА-МПА, авионот, заради силниот ветер, полетал од Атина со задоцнување од еден час, а поради слични временски услови на Крит, наместо во Хања, како што беше планирано, слета во градот Ираклио на грчкиот остров, а оттаму со автомобил се упатил на предвидената дестинација, каде што денеска присуствува на свеченостите по повод годишнината од ослободувањето на регионот, јави МИА од Атина.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток