Илјадници мали пајаци исплетеле пајажина долга 1000 метри на крајбрежјето на езерото Вистонида во северна Грција.
Според биолозите овој феномен е редок, и истиот е како резултат на топлото време кое го зголемува бројот на мушички и комарци. Тие се храна за пајаците.
Метеоролошките услови се идеални за размножување на пајаците и со такво изобилие од храна се зголемува нивниот број, велат биолозите.