Македонија

Времето променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а околу пладне и попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурата ќе се движи до 23 степени, соопштија од УХМР.

Во Скопје времето исто така ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд, со температура до 18 степени.

Во наредните денови времето ќе биде променливо и постудено со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег, особено в среда. Пообилни врнежи се очекуваат в понеделник. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток