Илјадници граѓани од 27 града во Бразил искочија на улиците во знак на протест против кандидатурата на Жаир Болсонаро за претседател на државата.
Учесниците на протестот извикуваа „не тој“, што воедно е и слоган против поранешниот воен капетан Болсонаро. Според нив Болсонаро претставува фашизам, нетолеранција насилство, бидејќои тој ја поддржа диктатурата во периодот од 1964 до 1985 година, а исто така е против хомосексуалците, жените и црнците.
Според анкетите, се очекува Болсонаро да победи во вториот круг на изборите кои ќе се одржат на 28 октомври.
Во текот на предизборната кампања тој привлече голем број на гласачи поради ветувањата дека ќе стави крај на насилството на нарко-бандите и другите криминалци.
Во првиот круг од изборите ултрадесничарскиот кандидат освои 46 проценти од гласовите, а неговиот противкандидат, Фернандо Хадад 28 отсто.