Скопје

Град Скопје ќе ја менува оштетената опрема од сообраќајниците

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје викендов почнаа со менување на оштетената урбана опрема од градските сообраќајници.

„На терен на повеќе локации во Градот се отстрануваат оштетените заштитни столпчиња, жардиниери, бекатон плочки од патеките и рабници од тротоарите. На терен ќе биде поставена нова урбана опрема или дел од оштетената опрема што ќе биде санирана“, велат од Град Скопје

Оваа активнот на ЈП „Улици и патишта“ ќе продолжи и во наредниот период, а со истата ќе бидат опфатени сите градски сообраќајници во општините.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток