Општина Аеродром деновиве врши поправка и обновување на реквизитите на сите спортски игралишта, вклучително и на оние во рамките на основните училишта.
„Се поправаат и се обновуваат кошевите, а на спортското игралиште во непосредна близина на градинката „Лале“ во населбата Јане Сандански се поставени стаклени табли и зглобни обрачи.
Овие активности продолжуваат и во наредниот период на целата територија на Општината“, се вели во соопштението.