Скопје

ЦИВИЛ: Креативна работилница „Обединети против насилството“ во Гази Баба

ЦИВИЛ организира креативна работилница „Обединети против насилството“ во Домот на културата „Димитар Влахов“, Автокоманда, Гази Баба, на 15 мај, среда, со почеток во 12 часот, како дел од проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“.

Работилницата е дел од заедничките заложби на ЦИВИЛ, основните и средни училишта од Гази Баба, локална самоуправа  и полицијата за јакнење на јавната свест и граѓанска едукација на локално ниво против насилниот екстремизам.

На работилница се предвидува учество на околу 20 деца од повеќе средни и основни училишта во Гази Баба    што заеднички ќе сликаат на теми „Човекови права и слободи“, „Мир и ненасилство“, односно сѐ што симболизира мирно и здружено решавање на конфликти преку дијалог и разбирање.

Работилницата ќе биде проследена со видео проекции, музика, доделување симболични награди за учесниците на работилницата, како и благодарници до учесниците во проектот од Општина Гази Баба.

Свои обраќања ќе имаат и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, како и претставници на ЦИВИЛ и СВР Гази Баба, во завршниот дел од работилницата по 14 часот.

ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток