Во рамките на изработката на Планот за управување со сливот на Охридско Езеро денес во Охрид се одржаа средби со институции, кластери, невладини организации.
На средбите преставниците на интересентите ги изразија своите гледишта околу главните проблеми, идеите за решавање и финансиските и туристичките импликации од преземањето на мерки за решавање.
Планот за управување со сливот на Охридско Езеро е наменет да биде билатерален мастер план кој ќе ја детерминира иднината на охридскиот регион во контекст на заштита и управување со водите, но и како социо економски контекст за развојот на туризмот и економските бенефити.
Планот се изработува со финансиска поддршка од ГЕФ Драмскиот Проект.