Во полициската станица Гостивар околу 02:45 часот М.Б. (25) од с.Здуње-гостиварско поднел пријава против Б.Р. (36) од Гостивар.
Според информациите од МВР, М.Б. се движел пеш по улицата „Живко Брајковски“ во периодот околу 01:30 часот заедно со лицата Џ.А. и А.М., при што му се доближил Б.Р. кој управувал возило и во еден момент завртел со возилото кон нив при што со предниот браник од возилото го удрил А.М. во пределот на десната потколеница. Потоа излегол од возилото и се упатил кон тројцата и започнал вербална расправија, а потоа физички го нападнал М.Б..
Се преземаат мерки и активнсти за расчистување на случајот.
