Потрагата за шестгодишниот Ибрахим Мешељевиќ, кој падна во поток во Босна и Херцеговина, продолжува и денеска.
Иако потрагата на спасувачките екипи завршила откако се стемнило, членовите на семејството го барале момчето цела ноќ.
Шестгодишниот Ибрахим Мешелевиќ вчера возејќи велосипед паднал во надојдениот поток. По него скокнала и мајката во обид да го спаси, но не успеала.Таа е извлечена од водата и пренесена во болница, а по момчето се трага.
Роднина на малиот Ибрахим вели дека е можно телото да завршило во реката Босна. Во потрагата се вклучени 300 луѓе. Пронајдени се само тренерката и велосипедот на детето.
