Членовите на грчката анархистичка група „Рубикон” рано утринава фрлија боја врз резиденцијата на американскиот амбасадор во Атина, а потоа избегаа на мотоцикли, објави „Катимерини“.
Според видеото кое го објави Рубикон, членови на анархистичката група со неколку мотори пристигнуваат пред резиденцијата на американскиот амбасадор, фрлаат бои врз надворешните ѕидови, а 20 секунди подоцна со голема брзина се оддалечуваат од местото.
Грчката полиција приведе девет лица.
Групата објави текст на својот анархистички сајт, со што ја презе одговорноста и објаснија дека причината е барањето за добивање дозвола за излез од затвор на Димитрис Куфодинас, лидерот на терористичката организација 17 Ноември, кој од втори мај штрајкува со глад.
За инцидентот реагираа американскиот амбасадор во Атина, преку Твитер и Министерството за надворешни работи на Грција, преку официјално соопштение.
