Пратеникот Павле Богоевски попладнево самиот се пријавил во полициската станица Центар за маслото од канабис, но поднел пријава и за непознат сторител.
КУРИР објавува ексклузивна фотографија од пратеникот во полициската станица БЕКО.
Богоевски тврди дека не купувал кокаин туку канабис масло за близок човек, а во полиција пријавил и дека бил нелегално сниман од страна на таксистот кого не го памети.