Комитетот на ВМРО ДПМНЕ од Вевчани вечерва донесе одлука да го исклучи од членство пратеникот од ова село, Крсто Мукоски.
Во официјалното соопштение на ВМРО ДПМНЕ ОК Вевчани стои:
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани на денешната седница на Општинскиот комитет донесе Одлука за поведување дисциплинска постапка против членот Крсто Мукоски заради спротивно постапување на донесените одлуки на највисоките органи на Партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Заради гласањето за промена на уставните измени, а со цел промена на уставното име на Република Македонија се донесе Одлука за исклучување на Крсто Мукоски од член на ВМРО-ДПМНЕ.
Борбата за Македонија продолжува!
