Свет

На локалните избори во Полска опозицијата победи во Варшава

Проевропскиот опозициски кандидат Рафал Џасковски победи во вчерашниот прв круг од изборите за градоначалник на Вршава, покажуваат излезните анкети по локалните избори на кои владејачката популистичка партија Право и правда остварила најголема поддршка, односно над 32 насто од гласовите. Државната изборна комисија треба да ги објави резултатите во вторник или среда. Вчерашните избори беа првиот голем тест за владејачките конзервативци од нивното доаѓање на власт во 2015 година од кога Полска е во постојан судир со Европската унија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток