Македонија

Експратеникот Бишевац: Не ме интересира дали Богоевски нарачувал за болен, одговорност мора да има

Реакциите за случајот со Павле Богоевски и снимката за која тврди дека е направена во такси и дека нарачува масло од канабис за медицински цели, и понатаму е топ тема, а коментар даде и поранешниот пратеник и новинар, Сафет Бишевац во синоќешното гостување на „Само вистина“.

– „Богоевски призна на кој начин се случува таа работа. Ова општество веќе треба да биде сведок на поднесување на морална одговорност. Не ме интересира дали Павле Богоевски нарачувал нешто за болен во фамилијата, или половина од тоа го нарачувал за свои лични потреби. Тогаш се покажува моментот кога се потврдува беззаконието“, истакна Бишевац вчера во Само вистина.

Инаку, реакциите по снимката не стивнуваат. Таа се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. По неа Богоевски на фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис, а потоа беше и во полициска станица.

– За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша Богоевски на Фејсбук, па птооа вчера отиде и во полициска станица.

На почеток