Магазин

Мадона пристигна во Тел Авив со приватен авион, 135 луѓе и 30 тони опрема

Со товарен авион со 30 тони опрема, 70 скали и лифт за настапот, Мадона пристигна во израелскиот град Тел Авив, каде што ќе настапи на финалната вечер на изборот за песна на „Евровизија“.

Со неа пристигнале 135 личности од кои 40 се придружни вокали, 25 танчери, а останатите се техничари.
Како што најавија организаторите, таа треба да испее две песни, „Like a prayer“ и новата песна „Future“.

За време на настапот в сабота, поп-дивата ќе ја придружуваат раперот Кову, хор од 40 изведувачи и 25 танчари.

Таа веќе ја имаше првата проба, без потпишан договор, но од денеска веќе нејзиниот настап стана и официјален, објави „Ерусалим пост”, додавајќи дека Мадона за својот настап од 20 минути ќе ја чини „Евровизија“ 1,5 милиони долари.

Според странските медиуми, Мадона со приватен авион слетала на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ и се сместила во хотелот „Дан“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток