Нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, синоќа го освои осмото место на европскиот фестивал за најдобра песна.
Нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ, по објавување на резултатите порача дека ова е најголем успех до сега.
„Љубави моја, ти си моја прва светлост, ти си мојот херој! Ова што ти го направи е најголем успех ever! Многу те сакам!!! Гордан сум до небото и назад!“, напиша Тијана.