Иако „Proud“ беше еден од фаворитите, сепак Тамара Тодевска ја изгуби водечката позиција по распоредување на гласовите од телевотингот. Таа доби 58 поени преку гласањето на публиката од другите држави.
Од листата се гледа дека од телевотингот има поени од 11 земји, од кои само од Србија и Словенија по 12 поени, од Хрватска 7 и од Албанија и Црна Гора 6 поени.