Коментари

Милошоски за осумте пратеници: Султанот ги собрал оние кои ги поткупил со златници и наредил да им ги отсечат главите, а златото со кое ги поткупил да им го стават во гробовите

„ПОУЧНА ПРИКАЗНА, кога османлиите сакале да го освојат Цариград, а не можеле никако!

Султанот Мехмед II со многу злато ги поткупил трговците од Цариград, да му кажат од каде да нападнат, за да го освојат.
Ги поткупил со голема количина злато, а тие му го кажале послабо обезбедениот дел од градот каде е полесно да нападнат.

Кога Османлиите го освоиле Цариград, Султанот ги собрал оние кои ги поткупил со златници и наредил да им ги отсечат главите, а златото со кое ги поткупил да им го стават во гробовите. На тоа се зачудиле османлиските генерали и прашале: ,,Султане, тие ни помогнаа да го освоиме Цариград, зошто им ги сечеш главите?”
Султанот на тоа одговорил: ,,кога тие СВОЈОТ НАРОД го продадоа за пари, замислете што може да ни направат нам”!?“, напиша Милошоски на социјалните мрежи.

ПОУЧНА ПРИКАЗНА, кога османлиите сакале да го освојат Цариград, а не можеле никако! Султанот Мехмед II со многу злато…

Posted by Antonio Milososki on Sunday, October 21, 2018

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток