Министерот за економија Крешник Бектеши на новинарско прашање дали очекува да биде сменет од функцијата, не даде конкретен одговор.
„Не е моја работа да направам анализи и да му предлагам на мандатарот кој ќе биде изменет или кој не“, вели министерот за економија Крешник Бектеши.
Според најавите, владиното „метење“ ќе почне на почетокот на јуни, а кон крајот на наредниот месец, во најава се и други кадровски промени во јавните претпријатија.