Премиерот Зоран Заев на средба со поранешниот претседател на Република Автсрија, Хајнц Фишер: Европа треба да ја награди Северна Македонија за храброста да се издигне и над најтешките предизвици Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во Виена, во пресрет на Виенскиот економски форум, се сретна со поранешниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер.
На средбата, којашто помина во исклучително позитивна атмосфера, премиерот Заев го информираше поранешниот претседател на Република Австрија, Фишер за последните политички случувања во земјата, односно успешно спроведените претседателски избори, како и текот на реформите во неколку клучни области.
Истовремено, на средбата беше потврдена поддршката којашто Република Австрија во континуитет и ја дава на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската Унија. И таа поддршка, како што беше посочено на средбата, нема да изостане сe додека Северна Македонија не стане полноправна членка на ЕУ.