Скопје

Санкционирани 142 возачи поради возење со поголема брзина

Во текот на изминатите денови (19, 20 и 21.10.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 32 сообраќајни незгоди од кои четири со тешки телесни повреди, 13 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 15 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со тешки телесни повреди и 33 лица се здобиле со телесни повреди.

„Од преземените мерки и активности констатирано е дека 142 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 65 возачи од кои: 25 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 35 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 37 возила бидејќи 35 биле нерегистрирани, а две возила биле технички неисправни. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет поради неправилно престројување и еден возач поради неносење заштитен шлем (кацига). Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 164 мандатни платни налози и 120 возила се подигнати со специјално возило “пајак”“, информираат од МВР.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток