Обвинетиот Вилијам Михајловски на почетокот на денешното судење за 27 април рече дека ги поддржува пратениците кои гласале за уставните измени, пренесува Мкд.мк
Пред судот обвинетиот Михајловски стана и рече: „Сакаме да им изразиме поддршка на храбрите пратеници кои гласаа за уставните измени“. На ова тој доби опомена од судијката Добрила Кацарска која му го одзеде правото на збор.
Во судница присутни се сите обвинети, меѓу кои и обвинетите пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов кои гласаа за уставните измени.