Магазин

Во Крива Паланка се одржа Меѓународен фестивал на старограски песни

Во деновите од викендот во НУЦентар за култура во Крива Паланка се оддржа третиот Меѓународен фестивал на староградски песни .

На фестивалот, покрај домаќините КУЗ ,,Распеани паланчани“ настапија  пејачки друштва од Радовиш и Пехчево, и Градскиот хор од Штип, како и пејачкото друштво Еделвај од Ќустендил, Р.Бугарија.

Во рамките на фестивалот,  кривопаланечката публика  имаше можност да ја проследи  Драмата ,,Оженил се Санде Калајџија“ во изведба на учениците СОУ Ѓорче Петров , а под  ментроство на проф. Катерина Митовска Наковска.

Овој настан беше збогатен и со промоција на ,,Збирка на кривопаланечки староградски песни“ изработена од  членовите на КУЗ Распени паланчани, како и новите костими за членовите на друштвото, кои се реализирани во рамки на проект кој е финасиски поддржан од буџетот на општина Крива Паланка.

Сите љубители на убавата староградска песна,  имаа можност две вечери да уживаат и да да го почувствуваат духот на едно време на старата кривопаланечка чаршија исполнета со песна љубов, обичаи и време кога настанаа најубавите страоградки песни кои и денеска се негуваат и пеат.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток