Австрискиот парламент изгласа недоверба на преодната Влада на канцеларот Себастијан Курц, кој стана канцелар со најкус мандат. Владата на австрискиот канцелар Себастијан Курц загуби на гласањето доверба во парламентот по обвинувањата за корупција во врска со неговиот сега веќе бивш вицеканцелар.
Австриската владејачка коалиција меѓу конзервативната Народна партија (ОВП) на Курц и десничарската Партија на слободата (ФПО) беше потресена од скандал на 17 мај. Тогаш германските медиуми објавија видеоснимка на која вицеканцеларот и лидер на ФПО, Хајнц-Кристијан Штрахе, бара поткуп од жена што наводно е внука на руски тајкун.
Штрахе поднесе оставка по скандалот со цел да не ѝ наштети на коалицијата.