Магазин

„Медена земја“ доби награда за најдобар интернационален филм

„Медена земја“ документарниот филм на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е  добитник на наградата „Најдобар интернационален филм“ на 21 издание на Интернационалнот фестивал за документарен филм во Тел Авив, Израел.

Стручното жири едногласно одлучи да го награди филмот и во образложението ја истакнува неверојатната наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница која живее на маргините на општеството, што прераснува во фасцинантен портрет на една извонредна жена.

-Жирито беше поттикнато од интимната медитација за кршливоста на човековото постоење во неговата длабока поврзаност со природата. Од животот на главниот лик во филмот, Хатиџе Муратова, која е веројатно последната пчеларка во Европа што сè уште го извлекува медот од природни колонии и се труди да не го наруши природниот баланс со човечката ненаситност, бидејќи ако еден го скрши правилото сите ја плаќаат цената, умешноста на филмската екипа успева на визуелно раскошен начин да ја покаже нејзината магична виталност и бескраен отимизам во секојдневните борби со предизвиците кои произлегуваат од „надворешниот” свет, соопшти Агенцијата за филм.

„Медена земја“ има освоено повеќе награди од премиерата во јануари годинава, кога на престижниот фестивал „Санденс“ триумфираше со три награди.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток