Магазин

Поради финалето Вардар-Веспрем, концертот на Стинг ќе доцни половина час

Концертот на Стинг што ќе се одржи вечерва на стадионот „Тоше Проески“, ќе доцни половина час, поради финалето на Лигата на шампионите на кое се пласираа ракометарите на Вардар.

Организаторот на концертот, Бобан Милошески од Авалон продукција објави дека за ова добил дозвола од менаџментот на Стинг. Така концертот на светскиот музичар ќе почне во 22 часот, а претходно, од 20.30 часот, ќе настапи триото на Влатко Стефановски.

Вардар го игра финалето со Веспрем од 18 часот. По тој повод Град Скопје организира заедничко следење на финалниот натпревар на плоштадот „Македонија“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток